Don't Miss
Home / Uncategorized / Дождот го скрати протестот на ВМРО ДПМНЕ

Дождот го скрати протестот на ВМРО ДПМНЕ

По четириесетина минути откако почнаа да се собираат поддржувачите, заврши протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд со барање веднаш да се ослободат сите притворени за настаните на 27 април.

-Ги апсат под измислени обвиненија нашите браќа и сестри и тоа со едноставна цел која ја видовме. Протестиравме со песна, со македонската песна и химна и повторно сме тука со македонската песна и химна и името Македонија и повторно ќе сакаат да не апсат, како што ги уапсија нашите браќа и сестри, само затоа што си ја сакаат татковината, порача на денешниот протест Оливер Андонов.

Освен лидерот Никола Груевски, од партискиот врв беа Коце Трајановски и Влатко Ѓорчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*