Поради регистрирани технички отстапувања од номиналните параметри во работењето и проработување на заштитните системи , во текот на денешниот ден два енергетски блока на РЕК„Битола” се исклучени од ЕЕС.
-По извршените проверки на постројките, во тек се операции за пуштање на двата енергетски блока во производство и се очекува во попладневните часови истите да бидат вклучени во ЕЕС на државата. Едниот енергетски блок, кој заради неопходните активности за оптимизација на параметрите после извршена модернизација на котелот беше во планиран застој, во ЕЕС ќе биде вклучен во раните утрински часови- информираат од ЕЛЕМ.