Home / Македонија / Есенско чистење на Општина Карпош

Есенско чистење на Општина Карпош

Традиционално, како и секоја година, Општина Карпош, освен пролетно  спроведува и  есенско чистење. Во соработка со Јавното претпријатие „ Комунална хигиена“, од Градот Скопје, екипи на локалната самоуправа и тим  од градското претпријатие  денеска ги чистеа урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2.  Со акцијата ќе бидат опфатени сите 14 урбани и месни заедници кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.  Екипата од ЈП „ Комунална хигиена“ го собира сметот долж булеварите во овие урбани заедници, додека општинските комунални служби се задолжени за чистење на зелените површини во  внатрешноста на урбаните заедници. Акцијата трае веќе седум дена, а ќе продолжи и во наредната седмица.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*