Don't Miss
Home / Градска хроника / Француската амбасадорка во посета на Битола

Француската амбасадорка во посета на Битола

Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер денеска ја посети општина Битола. На средбата со градоначалникот Владимир Талески  акцентот беше ставен на настаните кои на 11 ноември ќе се реализираат во општина Битола.

francija 2

-Француската амбасада и градот Битола реализираат многу заеднички проекти, а наскоро по повод 100 годишнината од Првата светска војна ќе презентираме повеќе заеднички активности. Тоа беше ужасна војна во која имаше 10 милиони жртви од Франција, а во тоа време страдал и градот Битола кој освен последици од војната се соочил со голем глад на населението што го предизвикала војната. Ние исто така сакаме француските гробишта во Битола да ги направиме да бидат најубави, особено во пресрет на 11 ноември каде ќе понудиме нова содржина која ќе биде интересна за туристи од Франција, но и од Битола, изјави Оер.

francija 6
Општина Битола и во понатамошниот период ја продолжува соработката со Република Франција на сите нивоа и во сите области. Градоначалникот Талески посочи дека  долги години одлична е соработката  со збратимениот град Епинал чии претставници ќе бидат  гости во Битола  на 4-ти ноември, за време на празникот на градот.

-Веќе се најавени бројни гости од Франција за 11 ноември, а програмата се утврдува и очекуваме пригодно одбележување на историскиот датум, потенцираше градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*