Home / Uncategorized / Груевски на маки.Неможе да најде кандидат(к)а за градоначалник на Битола

Груевски на маки.Неможе да најде кандидат(к)а за градоначалник на Битола

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е на судни маки. Иако до крајниот рок за пријавување на листите со кандидати за градоначалници и советници остануваат уште само неколку дена тој сеуште не може да се одлучи со кој кандидат за градоначалник ке истрча во Битола.

Откако наводно одлучил никој од кандидатите кои се вртеја во последно време да не ја добие неговата доверба, деновиве отпадна од комбинација и универзитетскиот професор , сопруг на една советничка во Советот кој ја одбил понудата.

Во ВМРО ДПМНЕ се водат интензивни дебати во месните комитети, но засега имињата на сите кандидати кои се во игра се само во границиите на шпекулациите.

Како што стојат работите најверојатно Груевски ќе го чека крајниот рок кога ќе излезе во јавноста со името на кдндидатот кој треба да го замени градоначалникот Владимир Талески, кој според инфомации на порталот на Битолски весник, откако видел дека нема шанси по четврти пат да трча за градоначалничката фотелја наголемо  лобирал кај Груевски за Спире Мавровски да биде негов наследник.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*