Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски повторно се повикува на народот

Груевски повторно се повикува на народот

Зборувајки за актуелните состојби во државата лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој сеуште прави анализа за изборниот дебакл во интервју за Република мегу другото изјави:

Планот им е преку заплашувања, притисоци, апсења и поткупи да го решат тоа. Се чини имаат одврзани раце од надворешните фактори да прават што сакаат, ако е со цел да попуштат за името. Народот го чувствува тоа. Ова е висока политика и геополитика, а не терање правда. Планот им е луѓе да гнијат по притвори и затвори, да не излезат од судници, да одговараат за конструирани работи, судиите да судат без докази како што ќе им се каже, медиумите да го оправдуваат сето тоа. Ќе се уништуваат и оцрнуваат личности, семејства, луѓе, партии и се што е на патот на оваа марионетска власт. Само за да се оствари големата геостратешка цел, која, за да биде иронијата поголема, не е спорна за нас во ВМРО-ДПМНЕ, и напротив е најмалку исто, а и повеќе посакувана отколку во СДСМ, тука мислам на членството во НАТО, само што разликата е во тоа што ние сакаме пофер договор по однос на суштината на спорот со нашиот јужен сосед.

За жал колку и да заплашуваат и замолчуваат, апсат или поткупуваат, конфликтноста во македонското општество ќе расте, колку и времено некој сето тоа да го поттисни и умртви преку втерување страв. Кругот на одмазди нема да запре, напротив. Во налетот при престојното редефинирање на земјата да се уништи политичкиот противник или неистомисленик, и при сите непромислени чекори кои веќе ги имаме, се создава нова ситуација за нови епизоди на меѓусебна конфликтност, реваншизми, одмазди и враќања.

Најтрагично е тоа што преставниците на меѓународната заедница се менуваат на секои 3 или 4 години, а ние треба да останеме и да живееме тука цел живот“, вели Груевски.

Тој тврди дека само народот може да ги смени нештата.

„Но, видовме дека неодамна на локалните избори, една значајна бројка луѓе беа исплашени, изманипулирани, притиснати, уценети, заплашени. Некои и поткупени. Негативната пропаганда која се води повеќе од три години обзема дел од луѓето исто така.

Стратегијата беше нас да не прикажат како нечесни, да ни измислат афери, и да не прогонуваат, за да се реализира зацртаната цел. Во основа ако погледнете низ светот, тоа е практика на многу места кога се има некоја геостратешка цел, и кога на патот некој ќе застане од една или друга причина. Ако некој е способен и работи за својата земја, или ќе му смислат дека со нешто не ги почитувал законите и со тоа сторил криминал, или ќе му смислат сексуална афера, или нешто слично. И треба да е среќен, што е жив.

И ако немаат докази ќе се обидат да измислат, како на пример правење на незаконските снимки да се докази. Ако и тоа не е доволно ти вадат нови закони за заштитни сведоци и што ли уште не, само за на сила да те обвинат со измислени докази“, вели Груевски во интервјуто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*