Don't Miss
Home / Македонија / Хоспитализираните припадници на безбедносните сили се во стабилна состојба

Хоспитализираните припадници на безбедносните сили се во стабилна состојба

Министерството за здравство соопшти дека сите хоспитализирани припадници на безбедносните сили на Република Македонија, што се наоѓаат на Хируршките клиники во Скопје, се во стабилна здравствена состојба.

Во моментов, на Хируршките клиники во Скопје, згрижени се 20 пациенти и сите се во стабилна здравствена состојба. Исто така, во ГОБ 8 Септември се згрижени девет припадници на безбедносните сили на РМ, сите се во добра здравствена состојба и се очекува во тек на денот, најмалку двајца пациенти да бидат пуштени на домашно лекување.

 

 

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*