И битолските студенти, денеска исто така протестираа против најавените реформи на Законот за високо образование и воведувањето на државниот испит.
-Да не не разберат погрешно, ние сме за реформи во образованието, но не на ваков узурпаторски и самоволен начин. Се повеќе се добива впечатокот, дека оваа реформа е за дисциплина, а не за некаков прогрес во образованието. Вакви реформи се прават со детална и долготрајна научна анализа и со дијалог на сите засегнати страни- рекоа студентите што денеска протестираа пред Ректоратот на битолскиот Универзитет.
Новиот закон за високо образование ќе се спроведува од 2017 година.
Б.В.