Во Основниотсуд “Скопје 2“ се изречени пресудите на обвинетите во аферата “ Шпион “.
Петнаесет години затвор доби поранешниот агент на Агенцијата за разузнавање Марјан Ефремов, Ване Цветанов е осуден на три години, а генералот од МВР Горан Стојков на девет години затвор.
На поранешниот шеф на кабинетот на спикерот Трајко Вељаноски судот му одреди 1,5 години затвор.
На нив им се судеше за шпионажа и злосторничко здружување во случајот „Шпион”. Беа обвинети дека на странски разузнавачки служби им доставувале информации. Во голем дел процесот беше затворен за јавноста поради осетливоста на информациите.
Пензионираниот разузнавач Александар Диневски е осуден на 4,5 години затвор. На затворска казна од по 3,5 години се осудени и Влатко Стаматовски, Мирослав Зафировски и Благоја Цветановски, додека по три години затвор судот одреди и за Тоше Константиновски и Кирил Соколов, а Иџет Абди, Алексо Ангеловски и Миќо Насковски се осудени на 4 години. Две и пол години во затвор ќе треба да мине Ацо Вучиниќ, а 6,5 години ќе одлежи Цветан Дамјановски.
На новинарот Зоран Божиновски судот одлучи дека ќе му суди кога ќе биде донесен од Србија во Македонија.
Сите обвинети до четири години затвор од денеска ќе бидат на слобода до правосилност на пресудата.
Б.В.