Јавното претпријатие “Стрежево“ подготвено ја чека скијачката сезона во Ниже Поле, по добивањето на дозволата за користење на ски-патеките и мини ски лифтот за почетниците во скијањето и ратрактот за подготовка на ски патеките.
директорот Марјан Ѓероски
-Направено е проширување на ски патеките, а повеќе угостителски активности има и во чајџилницата. Цените за скијачите се доста пристапни. Дневната карта за возрасни изнесува 300 денари, за деца изнесува 200 денари. Сезонската карта за возрасни од друга страна изнесува 3 илјади денари, а за деца две илјади денари. Со овие скромни цени ќе ги покриеме основните трошоци- информираше, генералниот директор на ЈП “Стрежево“ , Марјан Ѓероски.
Наредната недела, јавното претпријатие ќе објави повик за изработка на физибилити студија, бидејќи според развојните планови на “Стрежево“ постои желба за проширување на ски -терените Ниже Поле кон теренот Орлови Бари што е дамнешна желба на битолчани.
Б.В.
Фото: С.Р.