Don't Miss
Home / Uncategorized / Како до полесен пристап на жените до пазарот на трудот

Како до полесен пристап на жените до пазарот на трудот

       Во период мај-декември 2018 год. женската граѓанска иницијатива КЛЕА
Битола, реализира проект „Олеснат пристап на жените до пазарот на трудот“
во Општина Битола.
        Овој проект финансиски беше поддржан од страна на
Општина Битола, а беше реализиран како дел од Акцискиот план за економско
јакнење на жените во Општина Битола. Активностите при реализација на
проектот ги следеше советничката во Советот на Општина Битола, Ристенка
Алтипармаковска, како член на комисијата за Еднакви можности на жените и
мажите во Советот на Општина Битола.
          Главна цел на овој проект е интегрирање на невработените жени од ранливите
групи од Општина Битола на пазарот на трудот, преку нивно оспособување за
користење на владините мерки за вработување и прилагодување на потребите
на пазарот на трудот
        Според податоците добиени од АВРМ, во Општина Битола заклучно со јули
2016 год. имало вкупно 5.826 невработени лица, од кои 2.887 биле жени и
2.939 мажи.
Иако навидум изгледа дека жените и мажите подеднакво се справуваат со
невработеноста, реалноста е поинаква.
Едно од најзначајните прашања за родова еднаквост во Општина Битола е
економското јакнење на жените и нивното учество на пазарот на труд.
Во контекст на тоа, ЖГИ КЛЕА како дел од проектот, направи  анкета на 100 невработени жени од ранливи категории, активни баратели на работа, за нивната информираност за понудените
владини мерки за вработување
        Добиените податоци покажаа дека 60% од жените не се
информирани за активните мерки за вработување. Од оние кои се
информирани најголем дел се информацијата ја добиле од вработените од
АВРМ. Разгледувајки ги мерките кои се искористени од страна на
невработените жени, само 5% ги искористиле за самовработување кое
најверојатно се должи на ниската самодоверба на жените од ранливите групи и
специфичноста на самата група на жени кои најчесто се без можност за
поддршка од семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*