Don't Miss
Home / Македонија / Карпош- здрава општина

Карпош- здрава општина

По повод  Светскиот ден на здравјето ,, 7-ми април’’, вчера попладне во ООУ ,,Владо Тасевски” се одржа пригодна манифестација.  Општина Карпош вклучително и секторот за Спорт и култура се вклучија во глобалната кампања на Светската здравствена организација подржувајќи го проектот  со кој се промовираат здравствено-едукативни и превентивни акции.

На настанот присуствуваше советничката на општина Карпош, прим. д-р Добрила Андоновска,  која нагласи дека во 2016, тема на годината е превенција и лекување на дијабетесот, под мотото ,, Да го победиме дијабетесот’’.

Исто така, Андоновска потсети дека денес во светски рамки се заболени над 200 милиони луѓе од дијабетес, додека во Република Македонија таа бројка изнесува околу 120.000 граѓани. На манифестацијата стручно лице од “Хербалифе“  преку предавање на присутните, им ги објасни предностите на здравиот начин на живот и на исхрана, презентирајќи им совети и препораки.

Претставникот на ,,Горска вода’’ на присутните им ја предочи придобивката од консумирање нискоенергетски сок од лимон и грејпфрут, кој е особено корисен за хидратација, закрепнување и регенерирање на енергијата и подобрување на животните перформанси.

Посетителите добија маички со логото на општина Карпош и истите имаа можност преку поставување на директни прашања до стручните лица, да се запознаат одблизу со користа од практикувањето на здравиот начин на исхрана.

На крајот, сите имаа можност да ги дегустираат фит нутритивните креации на кулинарот Влатко Огненовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*