Don't Miss
Home / Политика / Ковачевски побара оставка од градоначалникот Талески

Ковачевски побара оставка од градоначалникот Талески

На денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Васко Ковачевски и актуелен пратеник побара оставка од градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

-Објавувањето на вистината за Македонија, со цврсти факти и аргументи, го покажа криминалниот начин на владеење на Никола Груевски, Сашо Мијалков и неколкумина нивни најблиски соработници. Но исто така, излезе на виделина и вистината за работата на локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ- обвини лидерот на битолската СДСМ, Васко Ковачевски.

Според него, вицепремиерот за финансии, Зоран Ставрески  признал  коруптивен скандал направен во Општина Битола.

-Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени. Ставрески исто така посочува дека токму опозициските советници во Советот на Општина Битола му извршиле притисок на градоначалникот  да ги промени штетните договори, што јасно потврдува кој работел чесно, транспарентно и за доброто на граѓаните. Во изминатиот период опозицијата предупредуваше на неправилностите во работењето на градоначалникот.  Конечно имаме и признание, доказ дека цело време сме биле во право. Апсурдно, но реално, признанието доаѓа лично од неговиот сопартиец, министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески- рече на денешниот прес, Васко Ковачевски.

Опозициската СДСМ побара оставка од првиот човек на Битола.

– Во изминатите 10 години поминале над 240 милиони евра од буџетот на Општината, а Битола продолжува да тоне, се поставува прашањето каде завршиле парите на битолчани?
Поради овие факти, но и поради тоа што овој човек заедно со неговата партија залудно им потрошија 10-тина години од животот на битолчани, бараме, градоначалникот Владимир Талески да си поднесе оставка.  Дополнително, потрошените над 240 милиони евра, пари на граѓаните, налагаат потреба од целосна ревизија на целокупното работење на општинската власт  и ВМРО ДПМНЕ- обвини Ковачевски.
Тој ги повикува граѓаните  внимателно да го следат  процесот на објавување на „Вистината за Македонија”, која според СДСМ  ќе ги врати слободата и демократијата во нашата земја но ќе ги отвори и можностите за поубав и подостоинствен живот.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*