.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Кризниот штаб на Битола во мобилна состојба

Кризниот штаб на Битола во мобилна состојба

Кризниот штаб на Општина Битола со голема будност ја следи ситуацијата со поплавите не само во Битола туку во целиот пелагониски регион.

Вклучени се експерти од јавните претпријатија, градежните компании и голем е одѕивот на месното население.

-Во текот на вчерашниот ден имаше неколку излевања на вода кај селата Кравари, Егри, Оптичари до Кременица. Се интервенираше со пумпи, помогна и територијалната противпожарна единица, но главниот проблем беше со одводните канали кои иако на одредени места беа исчистени, сепак, мештаните заради нивни активности,пристапни патишта ги затвориле. На другиот дел кај Горно Оризари, Карамани, Трн, Логоварди, машините се упатуваат во местата каде е најпотребно- информираше градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Последните информации се дека е паднато нивото на реката Црна, во текот вчерашниот ден беше 4,84 метри а изутринава е 4,58 метри. И нивото на реката Драгор е спуштено.

-Кризниот штаб ќе биде на  готовс во текот на целата седмица. За пробивање на коритото кај Трој Kрсти каде има излевање на реката Црна заради водите што надоаѓаат од таа страна и кај Лознани. Водата што истекува оди во полето. И во ситуација кога сите одводни канали би биле во ред и не би биле попречени, количините од вода и снегот што се топи моментно не се доволни да ги прифатат сите води. Водите се поголеми од капацитетот на одводните канали. Има излевање и во полето. Во тој случај ќе има зголемен доток на води кај Трн и Карамани. Сите екипи се на терен, сите машини се пуштени на терен и се што е можно како човечки фактор да направиме без разлика што количините на вода се поголеми од капацитетите на целата мрежа на водата што треба да се прифати. Ги лоцираме критичните точки и правиме превентивни распореди на активностите со прегради со вреќи и се останато- информираше првиот човек на битолската локална самоуправа, градоначалникот, Владимир Талески.
Будно се следи сосотојбата и мора да се следи и во следните денови, информираат од Кризниот штаб.
Ако е потребно, екипите се подготвени и за евакуација на населението. Зеднички под полна пареа функционираат и регионалниот и општинскиот кризен штаб.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*