Советникот Методија Илиевски, е новиот координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола. Одлуката едногласно била донесена на синоќешната седница на ИО на СДСМ-Битола.
Методија Илиевски советник од СДСМ во градскиот Совет беше и во претходниот состав на Советот на Општина Битола , кога тогашен координатор на советничката група на СДСМ беше сегашната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска.
Методија Илиевски два мандати беше претседател на Социјалдемократската младина на Битола, а во два наврати беше потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија.