Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) го претстави првиот специјализиран веб портал за волонтирање во Република Македонија www.volonter.mk.
На веб страницата можат да се најдат корисни информации, новости, документи и публикации поврзани со волонтирањето во Македонија и во светот.
–Веб страницата нуди информации за тоа кој и каде може да волонтира, кој може да биде организатор на волонтерска работа, како граѓаните можат да се вклучат во волонтерски програми и волонтерски позиции понудени од страна на граѓански организации. Дополнително, на страницата има информации и за меѓународни волонтерски програми и организации, волонтерски кампови во земјата и странство како и документи за законското регулирање на волонтерството и публикации во кои се анализира или истражува волонтерската работа. Со планираниот развој на порталот предвидено е да стане водечка онлајн платформа за размена на информации поврзани со волонтирањето во Македонија, промоција на волонтирањето и волонтерските вредности, понуда и побарувачка на волонтерски позиции како и поддршка и организација на волонтерски акции низ државата- информираат од МКЦ-Битола.
Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) продолжува со имплементација на шестиот циклус проектот „Локален Волонтерски Сервис“ во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа Младински образовен форум – Скопје, СППМД – Кавадарци, Младински совет – Струмица, Агтис – Прилеп, Институт за развој на заедницата – Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе.
Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) во околу 20 општини во Република Македонија. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.
За 50 волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.300 денари месечно од донаторски средства.
-За дополнителните 50 волонтери очекуваме волонтерските трошоци да бидат покриени од средства кои ќе бидат обезбедени од локални извори на финансирање, од самите локални самоуправи. Во овој циклус вкупно ќе бидат сместени 100 волонтери на тримесечно волонтирање во општините. Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2015 година. Рокот за пријавување е до 20 декември 2014 година.Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org)- информираат од Младинскиот културен центар- Битола.
Доделени националните волонтерски награди за 20114
Златен волонтерски сертификат за 2014 година добија: жителите на с. Калишта за реновирање на основното училиште „Браќа Миладиновци“ бидејќи презедоа акција и сами, волонтерски го обновија училиштето.
Луѓето од дијаспората кои живеат во Австрија, Германија и Швајцарија, а кои се по потекло од Калишта се мобилизирале и за само два дена собрале 30.000 евра. Комплетно се промени дограмата, кровната конструкција и подот. Нов лик добија и училниците каде е поставено парно греење, со нови клупи и столови. Луѓе од овој крај кои имаат градежни фирми волонтерски работеа на објектот. Сите жители волонтерски учествуваа во оваа акција, секој придонесуваше на свој начин.
Волонтерите од Автономен културно-социјален центар од Скопје, оформен во Скопје пред точно една година од луѓе кои чувствуваа потреба за културно-социјален центар кој ќе функционира на поинаков начин, простор слободен за размислување, креирање и критика, ослободен од мејнстрим влијанија, финансиски и бирократски ограничувања, простор кој ќе функционира со сопствени сили и идеи на заедницата, т.е. волонтерски, независно и автономно.
АКСЦ изминатава година беше дом на широк спектар на настани (преку 159): филмски проекции и дискусии, поетски читања, промоции на книги, јавни дебати, изложби, уметнички перформанси, работилници за деца, групи за готвење, поправки на велосипеди, размена на литература и предмети, коооператива за храна, креативни работилници, јазични курсеви, како и состаноци на активистички групи и отворена библиотека.
Златен сертификат добија и волонтерите во Зоолошката градина во Битола.
Благодарение на ентуизијазмот на волонтерите се зголеми поддршката на граѓаните кон работењето на зоолошката градина и желбата да се достигнат европските стандарди на фунукционирање и дејствување.
Б.В.