Интернет порталите попладневно емитуваат видео кое се појавило на На Јутјуб објавено од непознат корисник (hm home) на кое наводно се слуша разговор меѓу градоначалникот на Струмица Зоран Заев и еден локален бизнисмен.
На видеото се слуша како наводно Заев бара одредена сума пари за средување на работите околу некоја локација на територијата на општината.
Од она што може да се слушне на снимката и од титлот што „hm home” го обезбедува на видеото може да се заклучи дека Заев дава насоки како дел од парите треба да се уплатат на црквата, а дел да се дадат кај Вицето (Вице Заев му е брат на Зоран Заев).
Од разговорот може да се слушне дека ваков вид зделки во општина Струмица наводно веќе биле склучени и со други бизнисмени.
Заев како градоначалник на Струмица уште во март изјави дека поднел кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.
Според Ване Андреев, адвокат на Заев, пријавениот Николов од декември 2013 година до општината Струмица поднел повеќе постапки за трансформација на градежно земјиште и за приватизација и легализација на бесправно изградени објекти. Тој притоа остварил повеќе средби со некои од вработените во oопштината.
И МВР има поднесено кривична пријава против Зоран Заев, токму по пријава на Иван Николов, за барање поткуп од 200 илјади евра за приватизација на земјиште, од кои половината би биле за изградба на црква.
Снимката е поставена на следниот линк на Јутјуб.