Во преполнетата сала на хотелот Епинал, вечерва се одржа конвенција на кандидатката за градоначалник на Битола од СДСМ Наташа Петровска и листата на кандидати за советници, предводена од Валентин Груевски.
На конвенцијата пред присутните се обратија претседателот на Општинската организација на СДСМ, Васко Ковачевски, генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски, носителот на советничката листа Валентин Груевски и кандидатката за градоначалник на Битола, Наташа Петровска.
По 12 години владеење на ВМРО ДПМНЕ конечно во Битола ке дојдат промени. На 15 октомври битолчани ќе се определат за живот. Дојде крајот на криминалното владеење на Талески и неговата дружина, исткна Васко Ковачевски, кој притоа нагласи дека сите анализи и анкети покажуваат дека битолчани веќе ја донесоа одлуката и на 15 октомври ќе гласаат за промени.
Најавувајки го утрешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Битола, генералнио секретар на партијата Александар Кирацовски истакна дека на 15 октомври граганите не само на Битола туку и на Република Македонија ќе гласаат за промени на локалната власт и за враќање на животот.
Мошне голем оптимист на конвенцијата беше и носителот на листата Валентин Груевски, кој ги повика битолчани да гласаат за листата на кандидати за советничката група на СДСМ и коалицијата.
Кандидатката за градоначалник Наташа Петровска во своето обраќање нагласи дека Битола заслужува промени и дека на 15 октомври граганите ќе му кажат збогум на владеењето на Талески.
Таа во своето обраќање ги нагласи само дел од проектите со кои ќе ја бара довербата на битолчани.
Инаку утре во Битола ќе се одржи големиот митинг на СДСМ и Коалицијата на кој ќе бидат промовирани кандидатите за градоначалници на Македонија.