Don't Miss
Home / Градска хроника / Нов асфалтен пат за селото Лавци

Нов асфалтен пат за селото Лавци

Жителите на битолското револуционерно село Лавци во Битола. денеска добија нов асфалтен пат.
Патот, кој денеска свечено во употреба го пуштија министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и градоначалникот на Битола д-р Владимир Талески е во должина од 758 метри.

Неговата вкупна вредност изнесува околу 8 милиони денари.
Изградбата и асфалтирањето на патот е со средства што Владата ги обезбеди од Европската банка и во соработка со општина Битола, рече министерот Ивановски на промотивниот настан во овој град.

Жителите на Лавци овој пат го бараа подолго време и затоа беше составен дел на владината и општинската програма на градоначалникот Талески. Владата обезбеди 5,5 милиони денари, а останатите 2,3 милиони денари ги обезбеди општината.

Секогаш кога општините, градоначалниците, имаат добри проекти, тогаш Владата излегува во пресрет и помага со цел да се развие патната инфраструктура во Република Македонија, а со тоа и економијата, бидејќи инфраструктурата е еден од најзначајните сегменти за развој на економијата во урбана или рурална средина”, истакнаа на свеченоста по повод пуштањето во употреба на новиотпат Битола- Лавци, градоначалникот на Битола, Владимир Талески и министерот Иво Ивановски.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*