Златен накит вреден околу 400.000 денари е украден од куќа во Битола.
Според информациите на полицијата, кражбата се случила вчера во куќата на 34-годишниот В.Н..
Непознатиот крадец насилно влегол внатре во период од 16:45 до 19 часот и по извршеното пребарување украл поголема количина на златен накит.
Полицијата трага по сторителот.