Don't Miss
Home / Uncategorized / Опозицијата во обид да го спаси Зврлевски

Опозицијата во обид да го спаси Зврлевски

Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на шестата седница ја почна расправата за Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, за што се имаат пријавено над 80 пратеници.

Веднаш по обраќањето на заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, претседателот на Собрнието на РМ Талат Џафери даде еден час пауза по барање на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на една од пратеничките групи, Драган Данев.

Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата државен јавен обвинител е поднесен од Владата на РМ поради, како што истакна Ристовски, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

– За жал републичкото Јавно обвинителство од јануари 2013 година па до денес го претставуваше личност која за целиот свој досегашен мандат несовсесно и непрофесионално ја извршуваше својата задача и не го почитуваше доследно законот, рече Ристовски.

Зврлевски, како што истакна Ристовски, наместо да се грижи за човековите права и слободи го претставуваше Јавното обвинителство со молчење и непреземање никакви дејствија против криминалот.

– Барањето е поднесено согласно Законот за Јавно обвинителство, според кој Владата може да побара од Собранието разрешување на јавниот обвинител од неговата функција  пред истекот на мандатот, поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата, ако  со своето однесување и дејствување покажува дека не е способенда ја врши функцијата, ако не поднесува барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата, истакна заменик-министерот за правда.

Доволен е и еден од овие услови, како што рече, за да се покрене постапка за разрешување. –  Владата на Република Македонија смета дека кога се работи за републичкиот јавнен обвинител Марко Зврлевски сите овие услови се исполнети за негово разрешување, додаде Ристовски.

Тој напомена неколку случаи во кои јавниот обвнител Зврлевски беше директно инволвиран во негативна смисла на зборот со неговото непостапување или постапување спротивно на законот.

Владиниот предлог за разрешување на Зврлевски беше прифатен од Советот на јавни обвинители и потоа доставен во Собранието на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*