Центарот за јавно здравје од Битола почна со вакцинација против сезонски грип која (ќе) се реализира во општините Битола, Новаци, Могила, Кичево, Демир Хисар и Ресен.
Од јавната здравствена установа информираат дека се обезбедени 3.800 вакцини, а доколу биде потребно ќе се изврши и дополнителна набавка.
– За граѓаните од општините Битола, Могила и Новаци обезбедивме 2.400 вакцини, за општина Кицево 700 вакцини, за општина Демир Хисар, 200 и за општина Ресен, петстотини вакцини, за чија употреба имаме одобрение од Бирото за лекови на Република Македонија. Вакцината е со унифицирана цена од 400 денари и се препорачува на лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип- информира епидемиологот Тони Коњановски од ЈЗУ “Центар за јавно здравје”-Битола.
Вакцината не се препорачува, и не треба да ја примаат лица алергични на јајца и пилешки протеини, алергични на гарамицин, лица со покачена температура или акутна инфекција, лица со акутни влошувања на хронична болест и бремени во првиот триместар од бременоста, посочуваат од Центарот за јавно здравје од Битола.