Денеска, на Буковските гробишта, во кругот на неговото најтесно семејство, како и почитувачите на неговото големо творештво, беше скромно како што впрочем и живееше погребан Димитар Димитровски- Такец.
Такец еден од доајените на битолското и македонското новинарство и долгогодишен дописник на дневниот весник “Нова Македонија“ по кусо боледување почина во 93 година од својот живот.
Тој беше долгодишен постојан дописник на “Нова Македонија“ од Битола, се до неговото пензионирање.
Покрај со новинарство Димитар Димитровски- Такец се занимаваше и со сликарство, пишување поезија, и компонирање на музички творби.
Димитар Димитровски- Такец ќе остане запаметен како човек којшто создаваше се до последните денови од неговиот живот.
Б.В.