Don't Miss
Home / Градска хроника / Пуштени локалните патишта во Буково и Крстоар

Пуштени локалните патишта во Буково и Крстоар

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, градоначалникот на  Битола Владимир Талески, заедно со пратениците Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски, официјално го означија пуштањето во употреба на локалните патишта за селата Буково и Крстоар.

И двата проекти се од големо значење за мештаните, а реализирани се со средства од Европската банка за обнова и развој, како резултат на соработката помеѓу општина Битола и Владата на Република Македонија која продолжува и во идниот период.

-Се реконструира  патот  за селото Буково за кој што општината аплицираше преку министерството за транспорт и врски до Владата на Република Македонија  и кој што е одобрен по барање на мештаните. Се работи за пат во должина од 1100 метри, кој што се изгради за потребите на граѓаните, а во согласност проектот на Владата кој има за цел подобрување на инфраструктурата во средините кои се оддалечени од градот за да нема одлив на граѓани во поголемите градови, изјави министерот  Ивановски.

Потврда дека грижата за добрата инфраструктура во селото дава резултати е и новата детска градинка која наскоро треба да биде отворена во селото. Во рамките на проектот за реконструкција и рехабилитација на патот Буково-Горно Орехово, асфалтиран е и крак во селото Буково.

-За оние кои што ја немаат таа информација сакам да потсетам дека од пред два- три  недели и останатите делови од Буково се предвидени со буџетот на општина Битола. Како и досега продолжуваме со различен начин на финансирање. Ќе направиме еден дел долу под селото од десната страна кој што треба да значи мала заобиколница која ќе овозможи и сообраќајно олеснување, а ќе имаме интервенција и во домот на културата, истакна Талески.

Патот за селото Крстоар, пак кој беше пуштен во употреба е во должина од 723 метри во вредност од 3 700 000 денари, а во идниот период општината од сопствениот буџет продолжува со инвестиции во руралниот дел на општината, односно во сите населени места од поранешните општини.

Патот кон селото Крстоар има големо значење не само за мештаните, туку и за сите граѓани кои многу често особено за првомајските празници го посетуваат Крстоарски манастир.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*