Don't Miss
Home / Uncategorized / Работотилница за зајакнување на пристапот до правда во Новаци

Работотилница за зајакнување на пристапот до правда во Новаци

Адвокати ангажирани во имплементацијата на проектот „ Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ финансиран со средства од Европска Унија ги едуцираа жителите на општина Новаци.

Целта на проектот е зајакнување на пристапот до правда на најранливите категории на граѓани со што ќе се придонесе кон правно зајакнување , подобрување на законодавството, имплементацијата на постоечките механизми кои се однесуваат на пристапот на правдата.

Проектот опфаќа серија активности и тоа: правно советување од страна на мобилни тимови, локални настани на правна свесност на локалното население, стратешко застапување во предмети кои се однесуваат на пристап до правда, активности за подобрување на законите, нивна примена и политиките кои се однесуваат на приспот до правда.

На обуката беа присутни околу 30 лица од разни целни групи, категории на граѓани и  разни возрасти.Поставија прашања од правен каактер на кои добија соодветни одговори и совети од страна на стручните лица.

По спроведувањето на преоктот се очекува да се постигнат неколку резултати и тоа:

–       обезбедени 1920 правни совети за правните проблеми и прашања кои ги засегаат граѓаните со ниски приходи и нивните семејства,

–       зголемена свесност и познавање од областа на правотот со спроведување на  64 локални настани за правно описменување на локалното население,

–       преглед на имплементацијата на важечкото законодавство кое се однесува на приспат до правда преку изготвување на два годишни извештаи за 2017 и 2018 година со користење на индикатори развиени од Европска Унија

–       подобрена законска рамка од областа која се однесува на пристап до правда преку поднесување на предлози и иницијативи.

Проектот започна да се имплементира на 1 јануари 2018 година а ќе трае до 31 август 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*