Во ВМРО Народна се случи вистински расцеп. Додека локалниот лидер на партијата Горан Невеновски му дава поддршка на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник Зоран Илиоски, членството на партијата му дава поддршка на кандидатката на СДСМ Наташа Петровска.
Според информациите кои ги добивме од ВМРО НП на промоцијата на изборниот штаб во новиот градски пазар, присуствувале голем брј членови на ВМРО НП, а Невеновски останал буквално сам, без членство и самиот, (зло)употребувајки го партискиот печат му дава поддршка на Зоран Илиоски.