Од 27- ми до 31- ви мај во Битола, во Центарот за култура се организира ревија на италијански филмови-Прозорец кон италијанскиот филм.
Во текот на фестивалот ќе бидат прикажани филмови од најновата италијанска продукција, кои третираат теми за актуелната состојба во италијанското општество и прашања кои го засегаат современиот човек, а фестивалот беше отвроен со филмот “Големата убавина“ на Паоло Сорентино.
Фестивалот е соработка на Амбасадата на Италија , јазичното студио Лингва и Центарот за култура.
Наскоро ќе се снимаат и два нови филмови во италијанско македонска копродукција.
Фото: tera.mk