Продолжуваат саемите за вработување. По одржаните четири во Скопје, Неготино, Охрид и во Штип, наредните ќе се одржат во Битола и во Струмица.
Ваквиот начин на претставување на компаниите дава добри резултати, информираат од Владата на Република Македонија.
Ваквиот начин на претставување на компаниите дава добри резултати. Досега се вработиле 160 лица, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Портпаролот на Владата истакна овие саеми и натаму продолжуваат како место каде се одржуваат организирани средби меѓу понудата и побарувачката на работна сила.
Б.В.