Освен две основни и едно средно училиште речиси сите други училишта во Битола ќе мора да платат парична казна затоа што не извршиле дератизација на училиштата.
Покрај со парична казна од 3.000 евра, санитарните инспектори им одредија казна и на директорите на училиштата, како на (не)оговорни лица и тие од својот џеб ќе мора да платат по 300 евра, затоа што навреме не извршиле дератизација на училиштата.
Ваквата казна на санитарните инспектори во голема мера ги (из)револтира битолските директори во сите основни и средни училишта, бидејќи тие ни криви ни должни, поради немање на пари и блокирани жиро-сметки навреме не ја извршиле дератизацијата.
Но, за ваквиот пропуст инспекторите немале разбирање и им ги одредиле паричните казни со кои не само што уште повеќе ќе се влоши финансиската состојба на училиштата, туку и на самите директори.
Б.В.