Don't Miss
Home / Политика / СДСМ: Од јавното осветлување ќе и се стемни на Битола!?

СДСМ: Од јавното осветлување ќе и се стемни на Битола!?

Предупредувајќи дека во Битола на повидок е нов корупциски скандал, кој во голема мера ќе ја испразни општинската каса, советникот на СДСМ, Горан Козаров, на прес-конференцијата, меѓу другото, истакна:

-Разнебитувањето на општинскиот имот од страна на ВМРО-ДПМНЕ продолжува. На повидок е уште еден штетен тендер во висина од 15 милиони евра народни пари, за одржување на јавното осветлување на територијата на Општината Битола, истакна Козаров и додаде:

-За штетноста на оваа постапка за граѓаните на Општина Битола, ја алармиравме јавноста пред неколку седници на општинскиот совет. Нашето барање, тогаш, но и сега, е поништување на тендерот и преземање на одржувањето на јавното осветлување од страна на некое од општинските јавни претпријатија. Наместо одржувањето и огромната добивка да им се дадат на некое јавно претпријатие, со што индиректна полза би имале сите жители на Општината Битола, одредени партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ, сакаат да го реализираат овој тендер пред претстојните локални избори само заради исполнување на лични интереси. Токму од овие причини истите тие моќници од ВМРО-ДПМНЕ, деновиве вршеле големи притисоци врз членовите на тендерската комисија, вработени во општинската администрација, да стават парав на овој штетен договор.  Затоа ги охрабруваме сите оние коишто се вклучени во оваа постапка да не подлегнуваат на притисоци, за да не дозволат 15 милиони евра народни пари да завршат во приватните џебови на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Бараме нулта толеранција за криминалот во нашата општина. Затоа ги повикуваме да преземат соодветни дејствија поврзани со овој предмет, истакна на прес-конференцијата советникот на СДСМ, Горан Козаров.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*