Don't Miss
Home / Uncategorized / Секретарот на Општината Битола, Сободан Бончановски сопственик на книго биро

Секретарот на Општината Битола, Сободан Бончановски сопственик на книго биро

Како и градоначалникот Владимир Талески кој имал приватна фирма “ Арт Медија ДОО Битола “ за снимање филмови така и секретарот на Општината Битола, Слободан Бончановски, кој е второ осомничен во случајот “ Транспортер “ за превоз на учениците од основните и средните училишта во Битола, а кој важи за десна рака на првоосомничениот во оваа афера Владимир Талевски, е сопственик на приватна  фирма за книговодствени услуги “ Евиденција “ во Битола.

Според тековната состојба на Централниот регистер Битола, Слободан Бончановски е единствен сопственик на фирмата “ Евиденција” со седиште на ул.Борис Кидрич бр.2/18 Битола, со непаричен влог од 167.400.00 ден.

Фирмата “ Евиденција “е регистрирана на 27.6.2002 год.

Тоа што Бончановски е сопственик на приватна фирма за водење книговодствени и ревизорски работи, како и за даночно советување,  не е никаков грев. Но тоа што е своевиден скандал е тоа тоа што  фирмата на Слободан Бончановски, “Евиденција” ,кој важи за алфа и омега во Општината Битола, без кој ниту еден тендер, јавна набавака, или плаќање  во Општината Битола  не може да помини, а кој е осомничен во аферата “ Транспортер “, покрај тоа што им го води книговодството на голем број битолски фирми, им го води книговодството и на фирми кои се вмешани во аферата “ Транспортер “, во која се осомничени  вкупно 21 лице, за криминал тежок 290.000 евра.

Имено Слободан Бончановски во попладневите часови во своето книговодствено  биро  е  ангажиран во водењето на книговодстевните услуги на голем број битолски фирми, меѓу кои има и фирми чиј управители или сопстевнции се осомничени за аферата “ Транспоретр”.

Додека СЈО привремено го пушти Бончановски да се брани од слобода во овој случај, тој покрај своите работни обврски во општината Битола  е работно ангажран и во водењето на книговодството на фирми кои се осомничени во “ Транспортер”.

Навистина е чудно  како може човек осомничен за криминал, тежок 290.000 евра во своето приватно книговодствено биро “ Евиденција “ чиј сопственик е тој да им го води книговодството  на  фирми со кои соработува општината Битола и кои учествуваат  на тендерите кои ги распишува Општината, туку и на фирми кои се вмешани во кримианлот со “бесплатниот “ превоз на учениците во основните и средните училишта во Битола.

Засега не е познато кои забрани ги имаше Бончановски кога беше пуштен да се брани д слобода, но сигурно обвинтелката на  СЈО, Фатиме Фетаи,  не го пушти него тој да им го води книговодството на авто превозните фирми кои како и него исто така се обвинети за овој скандал, за кој екс министерот за финансии Зоран Ставревски рече дека е криминал до даска.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*