Тлото на Јанина не се смирува по првиот земјотрес кој вчера беше почувствуван и во југозападна Македонија следуваа уште неколку со послаб интензитет од околу 4 степени според рихтеровата скала.
До овој момент сеизмолошите обсерватории имаат регистрирано пет земјотреси со јачина од 4 до 5 степени според Рихтер.
Сите земјотреси се почувствувани и во Македонија.