Одлуаката за отворање на рестораните и кафулињата во Битола ги изваде битолчани на Широк Сокак.
Но иако денеска во Битола грееше и сонце кафулињата, и летните бавчи на хотел “Епинал” и ресторанот “Корзо“ беа речиси беа (полу)празни.
Сите угостителски објекти ги поставија масите согласно препораките на Министрството за здравство. На секоја маса имаше средства за дезинфекција, а келнерите на себе имаа маски.
Очигледно е дека атмосферата во Битола не е таа што беше пред затворњето на угостителските обејкти и дека ќе им треба време, не само на сопствениците на објектите, туку и на битолчани да се навикант на новите услови за уживање во оваа амбиентална улица.