Со премиера на новиот македонски филм “Деца на сонцето” на Антонио Митриќески, вечерва ќе биде спуштена завесата на 35. интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” во Битола.
Филмот е по сценарио на Гордан Михиќ, композитор е Влатко Стефановски, а монтажер Андрија Зафрановиќ. Кинематографер е Чехот Јарослав Шода, а играат Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Ивана Павлаковиќ, Билјана Таневски, Емир Хаџихафизбеговиќ.
На церемонијата на затворањето ќе му биде врачена и Големата ѕвезда на македонскиот филм на режисерот Милчо Манчевски, награда од Друштвото на филмските професионалци. Годинава е 20-годишнината од најуспешниот македонски филм “Пред дождот”, па во таа чест на “Манаки” се собрани и Лабина Митевска, една од главните глумици во филмот, и филмската легенда Раде Шербеџија.
Б.В.