По повод меѓународниот ден на жената осми март, градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, оствари средба со женските здруженија и невладини организации од општина Битола.
На средбата се раговараше за проектите кои ги реализираат здруженијата и невладините организации, и упатија благодарност до градоначалникот и општината Битола за добрата соработка која ја имаат.
-Ја користам оваа прилика да им го честитам осми март на сите жени, и да им посакам добро здравје, среќа, радост и многу љубов. Мислам дека најважното нешто е дека, не е само осми март денот на жената, вниманието кое што жената го заслужува, севкупно како придонес во општествениот наш живот треба да биде 365 дена “, изјави градоначалникот д-р Владимир Талески.
Б.В.