KBC Bank NV и подари признание на Стопанска банка ад Битола за постигантиот висок процент на извонредност во извршувањето на плаќањата кон странство за 2014г. – Euro STP Excellence Award.
Процентот од 98,53% на успешно реализирани трансакции без потреба од мануелна обработка, претставува огромен успех и потврда за компетентноста на вработените и ефикасноста на банката, за што доказ претставува добиената награда.