Речиси низ целиот свет луѓето и денеска излегуваат на плоштадите во големите градови во знак на поддршка на францускиот магазин „Шарли Ебдо”, каде тројца напаѓачи убија 10 членови на редакцијата, и двајца полицајци.
Протести вчера имаше и во Лозана, Швајцарија; Европскиот парламент во Брисел; Трафалгар сквер во центарот на Лондон; митинг пред француската амбасада во Мадрид, а денешниот ден е прогласен за ден на жалост во Франција.
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од масовните собири на кои се оддава почит кон загинатите новинари. Во продолжение погледнете дел од објавените фотографии на Твитер во изминативе неколку часа.
Стотици парламентарци и персоналот во Вестминстерската палата во Лондон, Англија се собраа во знак на солидарност со егзекутираните новинари во Франција.
Свеќи во знак на почит се палат и во Хонгконг, Кина