Don't Miss
Home / Uncategorized / Талат Џафери: На 6 август ги распишувам локалните избори

Талат Џафери: На 6 август ги распишувам локалните избори

Условите со работата на парламентот се драстично попозитивни од 27 април – шефот на законодавниот дом Талат Џафери на отчет за сработеното во првите 100 дена од стапувањето на функцијата на крвавиот четврток. Џафери најави исполнет распоред за работа пред одморите на пратениците на 8 август. Два дена претходно, односно на 6 август, се очекува да ги распише локалните избори, кои е планирано да се одржат на 15 октомври. Од утре пак, продолжување на седницата за разрешување Марко Зврлевски.

„Се отвара можност од утрешниот ден до свикување на нова седница за ребаланс на буџетот да може да се работи на пленум, во однос на оние заостанати седници, а една од тие е дебатата за предлог за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски.“ – изјави Џафери.
На втори август спикерот ќе има и свое обраќање на Мечкин Камен, иако не појасни на кој јазик ќе го стори тоа. Денешната конференција Џафери ја започна прво на албански, па потоа на македонски јазик, а на новинарско прашање одговори дека го користи уставното право како пратеник да се обрати на двата јазика.
„Сакам да известам дека претседателот на Собранието според редоследот на нештата, ќе се обрати на 2 август по повод Илинден.“ – изјави Џафери.
Џафери изрази поддршка и за владиниот план 3-6-9 и најави формирање на две работни групи за спроведување на потребните реформи. За повикот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ да се закаже итна седница за договорот со Бугарија, Џафери рече дека итноста на седницата е надмината по јавното објавување на договорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*