Home / Uncategorized / Талески на распит кај Катица Јанева

Талески на распит кај Катица Јанева

Градоначалникот на Битола  Владимир Талески, претпладнево, околу 11 часот, се појави во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија на претходна постапка за случајот „Транспортер”.

Талески  во судот дошол со адвокатот Никола Додовски, кој е бранител и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски.

Талески е првоосомничен во  случајот “ Транспортер “ кој го води  Специјалното јавно обвинителство, а покрај него за злоупотреби со превозот на ученици во Битола осомничени се уште 21 лице.

СЈО од судот бара на Талески да му биде одредена мерка притвор.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*