Don't Miss
Home / Политика / Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ: „Нашите разлики се нашата сила”

Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ: „Нашите разлики се нашата сила”

По повод Светскиот ден на културната разноликост, Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ од Битола организираше средба на плоштадот “Магнолија“  под мотото „Нашите разлики се нашата сила”.

DSCN3384

Во Битола, значајна културна цивилизациска точка, крстопат, долговековна културна престолнина – Битола космополитска, во чие што урбано живеење низ вековите што поминале се потврдиле и се надминале сите модерни и учебникарски светски модели за соживот и заедништво, и пораката дека во разликите е силата, беше испратена на македонски, српски, албански, турски, ромски и влашки јазик.

Претставувајќи ги своите национални кујни и носии од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ порачаа:

– Ние жените припаднички на различни вери и нации – активистки на различни политички партии на дело го покажуваме заедништвото и силно и гласно порачуваме, дека тоа никој нема да дозволиме да го наруши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*