Don't Miss
Home / Економија / Утре саем за вработување во Битола

Утре саем за вработување во Битола

Над 70 компании од различни дејности утре ќе ги претстават профилите на потребниот работен кадар на Саем за вработување во Битола.

 

Саемот, што ќе се одржи во Битолскиот театар од 11 до 14 часот, е продолжение на активностите на Агенцијата за вработување за организирање средби на работодавачи и лица кои бараат вработување. Ќе претставува можност невработените кои бараат работа но и оние кои сакаат промена на работните места да ги споредат своите квалификации со потребите на пазарот и да остварат почетни контакти со потенцијални работодавачи. Ќе се одржи и средба на претставници од институции и работодавачи од Битола на која ќе ги претстават своите идеи, предизвици и предлози, како и ставовите за новиот оперативен план за активни мерки и вработувања, кој ќе стапи во сила од следната година.

 
Досега се одржаа саеми за вработување во Скопје, Штип, Неготино, Струмица и Охрид. Според обработените податоци на Агенцијата за вработување, досега се остварени контакти и се дадени над 9.500 поднесоци, а со 2.500 лица работодавачите најавиле дека ќе остварат интервјуа. Благодарение на саемите за вработување во Скопје, Штип и Неготино се вработиле околу 160 лица. Се очекува тој број да се зголеми по реализација на интервјуата и обработката на податоците и од саемите во Струмица и во Охрид.
До крајот на годината ќе биде одржан и Саем за вработување во Куманово.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*