Don't Miss
Home / Uncategorized / Валентин Груевски: Ќе ја оживееме Старата битолска чаршија

Валентин Груевски: Ќе ја оживееме Старата битолска чаршија

Носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата Валентин Груевски денеска изјави  дека една од карактеристиките на 12 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е уништувањето на Битолската чаршија.

-Никогаш повеќе немало затворени катанци, никогаш повеќе спуштени кепенци и натписи на дуќаните се издава и се продава. Ако секаде во светот градските чаршии можат да работат може и битолската. Подготвени  сме и сакаме во наредниот период да преземеме низа мерки со кои ќе ја оживееме старата чаршија. Нема да се срамиме од работа, нема да се срамиме од идеите на граѓаните, отворени ќе сме кон сите и ќе примениме се овој дел на градот да заживее и да го добие вистинскиот лик односно она што го сакаат битолчани, вистинска чаршија со многу луѓе и со многу промет во неа- вети пред битолчани, Валентин Груевски носител на советничката листа на СДСМ и Коалицијата За живот за престојните локални избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*