Home / Uncategorized / Василичарска забава на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Василичарска забава на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Во ресторанот “Вавилон” во Битола се одржа василичарската забава на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на која присуствуваа повеќе од 500 членки на Унијата на жени.

zeni 11
Присутните ги поздрави претседателката на Унијата на жени од Битола, Анита Ангелевска, која најпрво и ги честита Новогодишните и Божикните празници, а потоа сите гости ги поздрави од името на претседателката на Унијата на жени на Македонија и координаторот  на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Зоран Илиоски.

zeni 14

Пратеничката Лилјана Кузмановска, која за прв пат ја воспоставила оваа Василичарка забава рече:

-Пред десет година не бевме во толкав број, бевме само десетина маси со од дома подготвени мазничиња со паричка кои се собравме и мило ми е што ете сега тој почеток сега е една голема манифестација на која сите ве има  огромен број. Сакам да ја нагласам улогата на жената во политиката, но сакам да упатам апел кон жените кои се на раководни позиции да бидат пример за сите кои работат во нивните колективи- истакна пратеничката Кузмановска.

zeni 2

Сите жени ја наградија најсреќната жена која ја пронајде својата паричка во мазничето.

 
Текст и фото: Сашо Ристевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*