Don't Miss
Home / Спорт / Викендов продолжува Источно-европскиот мото шампионат во Турција

Викендов продолжува Источно-европскиот мото шампионат во Турција

Со одржувањето на првата проверка на моторциклите, започнува втората трка од Источно-европскиот шампионат во мотокрос, која ќе се одржи во Бурса, Турција.

moto kros

На оваа трка со сигурност ќе настапи битолчанецот Борче Костов – Жолтио, кој настапува за скопскиот Мотокрос клуб Ноќни волци, а Христијан Илиевски, поради дефект на моторот, не знае дали ќе патува за Турција.
-Пред било што да кажам мора да кажам дека и јас како и Кико ќе бев под знак прашалник дали ќе патувам за Турција и на останатите трки, ако не беше сопственикот на клубот Ноќни волци, Ленин Јовановски. Јовановски ги покрива сите трошоци за Турција, а секако и за останатите трки. Се надевам дека и Кико ќе успее да го поправи моторот и заедно да патуваме. Што се однесува пак до очекувањата од Турција, по првата проверка во Грција, можам да кажам дека очекувам со малку среќа пласман на првите три места. Ќе биде тешко сам да им се спротивставам на екипите со повеќе членови, кои си “помагаат” на патеката, но се надевам на добра трка и пласман, вели Борче Костов – Жолтио, кој изминатиот викенд поради немање подготвени патеки во Смолево и Братиндол мораше да патува во Толемаида, Грција и да тренира таму два дена, што е дополнителен трошок.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*