Don't Miss
Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изгледа не се движат по новоасфалтираните улици, обновени тротоари и уредени јавни зелени површини

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ изгледа не се движат по новоасфалтираните улици, обновени тротоари и уредени јавни зелени површини

-Изгубени, дезориентирани, недоверливи и очигледно многу зачудени од деструктивните постапки на нивниот лидер Зоран Заев, локалните активисти на СДСМ не знаат на кој начин да ги спроведуваат наредбите од “Бихачка“, да продолжат да бидат деструктивни по секоја цена- вака реагираше владејачката ВМРO-ДПМНЕ на обвинувањата на опозициската СДСМ.
-Ама креативноста им е очајна па со години во СДСМ не мрднаа ни чекор од нивната главна политичка активност – да бараат дупки низ Битола, кога е врнежливо и да се сликаат покрај нив.
И сето тоа на места кои се очигледни, фереквентни и каде што граѓаните секојдневно минуваат и самите гледаат.  Ама ете, за да пријават на “Бихачка“  дека нешто сработиле, локалните послушници од СДСМ од време на време преку телевизија мора да потсетат дека – таа дупка е дупка.  Бесцелно е сега да ги потсетуваме дека по секоја зима се јавуваат оштетувања кои Локалната самоуправа заедно со Јавните претпријатија на Општината ги санираат согласно план и програма и по пријави на граѓани и урбани заедници со кои има одлична соработка. А и завидливоста на СДСМ за сите награди кои ги добива Општината е веќе многу пати видена.
Советниците од СДСМ изгледа не се движат по новоасфалтираните улици, обновени тротоари и уредени јавни зелени површини. Во нивната рута на движење ги нема кружните текови, влезовите во Битола, заобиколниците. Да помисли човек дека и една дупка да остане на само една улица во градот тие ќе ја пронајдат и ќе одржат прес конференција за неа.  Нивното доброволно тонење во дупки, вирови, кал и занимавање со деструктивност и „бомби” нема да не спречи и поколеба, ние во ВМРО-ДПМНЕ да продолжиме без застој да работиме на се’ што ветивме за подобрување на животот на сите граѓани- рече на прес, Елена Трајчевска советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во  Советот на Општина Битола.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*