Пратеникот Васко Ковачевски, наместо да ги извршува обврските во Парламентот за кои е избран од граѓаните , последниве месеци демне пред РЕК “Битола“ и очекува да се случат проблеми за тој да има причина да одржи прес- конференција- стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
-На тој начин ја поддржува деструктивната политика на СДСМ на рушење на системот на државата, нејзината стабилност и угледот на Република Македонија пред светот.
Имајќи ја во предвид важноста на РЕК “Битола“ за енергетската стабилност на земјата се поставува прашањето: Дали СДСМ посакува и заговара навистина да се случи „колапс“ на РЕК Битола и енергетскиот систем на штета на граѓаните и стопанството, само за Васко Ковачевски да има со што да се занимава. Убедени сме дека во ЕЛЕМ и РЕК “Битола“ работат стручни лица кои се свесни за големата одговорност која ја носат и секојдневно успешно се справуваат со сите предизвици во тековното работење. Сметаме дека ваквиот неразбирлив политички притисок од страна на СДСМ, не само што е непотребен, туку е и штетен за енергетската стабилност на државата- реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Б.В.