Don't Miss
Home / Градска хроника / Во Новаци се одржа втората буџетска форумска сесија

Во Новаци се одржа втората буџетска форумска сесија

Во просториите на Младинскиот културен центар во Новаци се одржа втората форумска сесија за Буџетскиот форум, која беше посветена на расходите кои се составен дел на општинскиот буџет.

До крајот на оваа година ќе се одржи уште една трета форумска сесија а потоа ќе следува донесување на Буџетот на општина Новаци за 2017 година на седница на Совет.

Граѓаните најмногу предлози даваат за инфраструктурни проекти, и капитални инвестиции: систем за наводнување, реконструкција на цевководот на акумулцијата од РЕК, локални патишта итн., посочи грдоначалникот на општина Новаци, Лазар  Котевски.

-Расходниот буџет и првите четири програми беа темата на денешната сесија од Форумот на заедниците-Буџетски форум во Општина Новаци. Граѓаните и натаму активно се вклучени давајќи ги своите предлози и размислувања за сето она што сметаат дека им е потребно и неопходно да се испланира во Буџетот на општината за 2017 година- изјави  Катерина Чукалевска, координатор на програмата.

На сесијата присутните граѓани се информираа за  расходите кои се составен дел на еден буџет.

-Денеска ги презентиравме  расходите од буџетот и ги разгледуваме можностите на што може да се потрошат планираните средства и како тоа било направено претходната година подетално,аналитички а ги запознавме и со дел од тоа што го планираме за следната година- истакна Оливера  Димитровска, раководител на одделение за финансии во општина Новаци.

На сесијата присутните жители на општина Новаци дадоа доста конструктивни предлози за конкретни проекти кои според нив сметаат дека треба да се направат и да се вклучат во панирањето на буџетот за 2017 година.

Учесниците на форумот позитивно ја оценуваат целата програма, затоа што , како што велат, ова е можност за подобрување на стандардот на населението.

-Овој форум е многу корисен за граѓаните и тие можат да даваат предлози. Јас предложив да се реализираат проекти од образованието како изградба на градинка и реализација на други проекти од образованието- истакна учесничката во прогрмата,  Жаклина Николовска.

Инаку, целта на програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум” е планирање на општинскиот буџет за следната година во консултација со граѓанството во зависност од нивните потреби.

 

 

Б.В.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*