Don't Miss
Home / Uncategorized / За бегството на Грујовски и Бошковски кривични пријави против судиите

За бегството на Грујовски и Бошковски кривични пријави против судиите

Поранешниот началник на петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Грујевски и вработениот Никола Бошковски, нема да ја земат плата за август од Министерството за внатрешни работи (МВР), потврдија оттаму.

Нивниот работен однос е ставен во мирување откако им беше определен притвор, појасни министерот Оливер Спасовски.

Од Здружението „Зелена лупа“, пак, поднесоа кривични пријави за десет судии од Основниот суд Скопје 1, Апелација и Врховен, кои учествуваа во целата постапка на одредување притвор за нив.

Адвокатот Благој Јованов од „Зелена лупа“, посочи оти ова е прв пример во кој обвинети лица за време на постапка за утврдување мерка притвор се на слобода, но и прв случај во кој им е дозволено право на жалба и одлагање на мерката до правосилност.

Од здружението, исто така, до Советот за утврдување на факти и одговорност на судии поднесоа и иницијативи за покренување на одговорност на судии.

– Се надеваме дека овој Совет ќе почне да работи. Негова цел е да биде сервис на граѓаните, не на судиите. Сметам дека со вакви и со други наредни иницијативи ова тело мора да проработи – вели Јованов.

Грујевски и Бошковски се во бегство од 26 јули, кога Врховниот суд ја потврди одлуката на Апелација за определување 30-дневен притвор за двајцата обвинети во предметите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.

Од тогаш и нивниот работен однос со Министерството за внатрешни работи е во мирување што значи дека последната плата ќе им биде за периодот од 1 до 25 јули.

По нив е распишана и меѓународна потерница преку Интерпол откако полицијата не успеа да ги најде на неколку локации во Скопје, Велес и Охрид. И двајцата се без пасоши, бидејќи првично Основниот суд донесе одлука да им ги одземе наместо да им одреди притвор.

Министерот Спасовски вчера истакна дека полицијата ги вложува сите напори за да ги пронајде двајцата бегалци, но поради тајноста на истрагата не може да соопшти информации во јавноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*