Don't Miss
Home / Македонија / Заев: Судскиот процес нема да го спречи објавувањето на доказите

Заев: Судскиот процес нема да го спречи објавувањето на доказите

-Судскиот процес нема да го спречи објавувањето на доказите и на аргументите. Доказите ги добивме од илјадници граѓани кои се загрижени за слободата и за демократијата. Ниту сум уценувал, ниту ќе уценувам. Јас јасно и гласно му кажав на Груевски дека имам докази за криминалното владеење, а на татковината и ветив дека ќе ја дознае вистината. Во периодот што следува јавноста ќе биде запознаена со се. Ова не е само моја битка, ова е заедничка одговорност за тоа што ни се случува.  Храброста и решителноста кај СДСМ постои, но ни требаат и граѓани кои ќе се приклучат кон борбата. Од денеска аргументите и доказите ќе се споделат со јавноста најбрзо што можно, а ќе бидат откриени изборни фалсификати како и други криминали од невидени размери – рече на прес  лидерот на СДСМ, Зоран  Заев.

Заев ги отфрли обвинувањата дека го уценувал Груевски.

– Не е точно дека тајно сме преговарале за техничка влада бидејќи претходно јавноста беше информирана за барањата на СДСМ – објасни тој.

Според Заев, опозицијата не чекала предолго за да ги објави доказите бидејќи станувало збор за силни аргументи и докази за кои морале да се договорат по кој ред ќе бидат објавувани.

На новинарско прашање зашто само на него од четворицата осомничени не му е одреден притвор, Заев одговори дека тоа би бил преголем ризик за Груевски бидејќи материјалите можел да ги објави и некој друг од раководството или од граѓаните.

Заев смета дека денешната полициска акција е еден од последните обиди за спас на Груевски. Тој објасни и дека е нормално што не ги објавил имињата на луѓето кои му ги доставиле материјалите зашто сакал да ги заштити.

Додека Заев говореше на прес-конференцијата, неговите сопартијци постојано го прекинуваа со овации, повици за  поддршка, и исвиркувања против Груевски.

Втората група на граѓани, кои од пред Собранието тргнаа кон штаб на СДСМ за, како што рекоа, да го изразат својот револт од чинот на Заев, се разотидоа неколку минути пред да започне неговата прес-конференција.

 

Извор: Нова Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*