По барање на Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет, премиерот Зоран Заев утре ќе го посети затворот „Идризово“ за да се запознае со состојбите во најголемиот затвор во државата.
„Идризово“ е познат по пренатрупаноста, крајно нехуманите услови за престој на затворениците, како и по развиената корупција.
Премиерот ќе го придружуваат извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, и народниот правобранител, Иџет Мемети.